Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, утре без електрична енергија ќе останат неколку улици во општините Цетнар, Гази Баба и Илинден.
Без струја утре од 08:30 до 11:00 часот ќе биде дел од ул. Јордан Мијалков ( од Фискултурно училиште до подвозникот како и објектот на Дирекција на Македонски Железници и околните куќи ) во Општина Центар, од 09:00 до 15:00 часот, ул. 7 и ул. 8. во с. Јурумлери, во Општина Гази Баба, односно од 09:00 до 15:00 часот, ул. 8, ул. 12 ул. 403 и ул. 500 во населба Илинден, во Општина Илинден, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.