СВР Тетово поднесе кривична пријава против Е.С.(39) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“.
Во текот на октомври и ноември, пријавената во повеќе наврати од мобилниот телефон на оштетениот Џ.Н., со помош на мобилна апликација, префрлила 518.000 денари на нејзината трансакциска сметка, со што се стекнала со противправна имотна корист.