Полициски службеници од Полициската станица Штип вчера во 18:20 часот лишиле од слобода малолетник од Кочани, поради основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“, извршена околу 17:30 часот од касата на билетарницата на aвтобуската станица Штип.
Полициски службеници ги вратиле украдените пари на вработеното лице. По комплетирање на случајот, против малолетникот ќе биде поднесен соодветен поднесок.