Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (17.12.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 213 мерки, меѓу кои 15 за возење без возачка дозвола, 10 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 14 за користење на мобилен телефон, исто толку санкции за некористење на сигурносен појас и 11 за минување на затворен семафор (црвено светло).

Изречени се 74 мерки за непрописно паркирање, а со „пајак“ се подигнати 41 возило. За неносење на заштитна маска изречени се 18 санкции.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/12/2020 12:00