На 17.12.2020, полициски службеници од Полициската станица Гази Баба го лишиле од слобода Н.В.(21) од Крива Паланка, поради сомнение дека на 01.11.2020 извршил тешка кражба во куќа во населба Илинден – Скопје.
Н.В. бил приведен во полициска станица, со него бил извршен разговор и, во координација со Јавен обвинител, по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.