На 17.12.2020 во 10.00 часот во атарот на с. Батинци, скопско, полициски службеници од СВР Скопје – Единица за внатрешни работи Кисела Вода, врз основа на судска наредба, го лишиле од слобода К.И.(53) од с.Драчевица, скопско, поради сомнение за сторено кривично дело „кражба“, превидено и казниво по член 235 став 1 од Кривичниот законик.
К.И. бил приведен и спроведен во Полициската станица Драчево за понатамошна постапка, а по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.