Во СВР Велес вчера било пријавено дека настанал пожар на покривна конструкција на штала сопственост на 61-годишниот велешанец С.С. Шталата се наоѓа пред влезот на Велес, кон Крзнарската индустрија.
Портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски информира дека во моментот кога настанал пожарот во шталата немало никој, огнот сам се изгаснал и нема повредени лица.
Полицијата извршила увид на местото на настанот.