Надворешната канцеларија за криминалистички работи Неготино поднесе кривична пријава против С. М. (26) од Неготино, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и навлегување во компјутерски систем“.
На 13.11.2020 пријавениот пронашол платежна картичка во такси возило, сопственост на А.М. од Неготино, по што купувал разновидна стока и се стекнал со противправна имотна корист.