Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Е. Н. (54) од село Долна Бањица, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „издавање чек без покритие и злоупотреба на платежна картичка“.

Во декември 2019 пријавениот, како службено лице во Пошта на Република Северна Македонија – Подружница Гостивар, при растурање на пристигната пошта забележал затворен плик во кој имало картичка од српска банка со залепено ливче со пин код, го отворил и од банкомат во Гостивар во неколку наврати подигнал вкупно 15.000 денари, на штета на Р.С.(70) од село Добридол, гостиварско.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/12/2020 01:51