СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Б.(38) од охридското село Трпејца и Р.Б.(36) од селото Пештани, поради постоење основи на сомение за сторено кривично дело „незаконит риболов“.
Тие на 02.12.2020 биле затекнати при излегување од пловен објект во водите на Охридско Езеро, во близина на населбата „Лагадин“, а при преглед полициските службеници пронашле и одзеле 110 парчиња риба белвица, 30 парчиња риба грунец, клен, мрена, како и 9 рибарски мрежи. Пронајдените предмети биле предадени во Јавната научна установа „Хидробилошки завод“ Охрид.