На 20.12.2020 во 07.15 часот на подрачјето на Чаир, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Р.К.(42) од Скопје, поради сомнение дека физички ја нападнал неговата 34-годишна сопруга и нејзините три малолетни деца од претходниот брак. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 19.12.2020 во 17.15 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Е.Х.(38) од Велес, поради сомнение дека физички ја нападнал неговата34-годишна сопруга. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 20.12.2020 во 02.10 часот во Полициската станица Гостивар, 34 -годишна жена од Гостивар пријавила дека А.С.(49) од Гостивар, со кого живеела во вонбрачна заедница, физички ја нападнал и извршил обљуба врз неа. А.С. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.