Викендов на патиштата на истокот 14 возчаи возеле под дејство на алкохол, покажа акциската контрола на сообраќајната полиција при СВР-Штип. Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова информира дека сите возачи биле исклучени од сообрачај, времено им биле одземени возачките дозволи и издадени им биле записници за констатиран прекршок. Во текот на оваа контрола санционирани се и останати 39 прекршоци.

Таа додаде дека за време на викендов по однос на мерката за неносење лична заштита од страна на граѓаните, регистрирани се 143 прекршоци. За време на викендов евидентно е дека во 13 општини на Брегалничкиот регион, кои ги покрива СВР-Штип помал е и бројот на граѓани на кои Државниот санитарен и здравствен инспекторат им издал решенија за изолација или вкупниот нивен број е 67, а полициските службеници контрола извршиле на 971 лице со вакви решенија.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/12/2020 15:00