Моментално сме на прагот на празничната сезона која годинава ќе ја прославиме на малку поинаков начин.

Овој празничен период е најстресно време за животните, особено за оние кучиња кои не по своја вина се бездомни и напуштени. Употребата на петарди и останати пиротехнички средства предизвикува не само физички повреди туку и голем стрес, страв, психички шок, доживотни трауми и неретко смрт од срцев удар кај кучињата.

Земајќи го во предвид овој проблем кој се провлекува со годинити и истиот претставува сериозна закана и опасност по животот на кучињата, а истовремено поттикнати од реакциите и пријавите од граѓаните, ЈП Лајка ја започна својата кампања СТОП ЗА ПЕТАРДИТЕ! ВДОМИ КУЧЕ И ПРОСЛАВИ ГИ ПРАЗНИЦИТЕ НА ПОИНАКОВ НАЧИН!

Нашата цел е да ја подигнеме свеста кај граѓаните за опасноста на која сме изложени сите и да го свртиме вниманите кон превентивните мерки во полза на заштита не само на бездомните кучиња, туку и на домашните миленици.

Апелираме до сите граѓани да ја одбегнат употребата на петарди за лична и за сечија безбедност.

ЈП Лајка



Автор: Администратор
Објавено на: 22/12/2020 12:23