Одделението за урбанизам, градежништво и заштита на животната средина во општина Гевгелија, изминатата 2020 година, за разлика од претходната, решило двојно повеќе предмети и барања поднесени по разни основи.

Од Општината потврдија дека вкупно биле поднесени 1242 барања од кои дури 1239 биле решени, а во тековната година се решаваат заостанати предмети од кои најголем број се поврзани со легализација на бесправни објекти.

Покрај ова, минатата година биле поднесени 62 барања за одобрение за градба од кои 52 биле решени со што е овозможена непречена реализација на проектите од страна на инвеститорите. Во најчест случај издадените одобренија се однеувале за градба на станбени објекти.

– Општина Гевгелија е меѓу првите во земјава која има електронска комуникација со Агенцијата за катастар и го применува електронското издавање на одобренија за градба. Таквиот начин на работење значително влијаеше врз ефикасноста и квалитетот на услугите кон граѓаните и правните субјекти, велат од надлежното урбанистичко одделение



Автор: Администратор
Објавено на: 26/01/2021 15:53