Нивоата на речиси сите реки во земјава се зголемени, некои дури имаат и тројно повисоки водостои, покажуваат денешните хидролошки мерења.

Според УХМР, и Дојранското Езеро е над просекот за јануари, а Охридското и Преспанското се со пониски вредности од јануарскиот просек. Сепак, Преспанското Езеро за 31 сантиметар го има надминато апсолутниот минимум.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/01/2021 13:23