Општинска организација на Црвен крст Тетово заедно со стручни тимови од Центар за трансфузиона медицина Тетово оваа недела организира две крводарителски акции.

Акциите ќе се спроведат во Голема Речица и Брвеница.

-Во просториите на централна џамија во Голема Речица, в петок на 29 јануари ќе се организира акција на крводарување со почеток од 12:40 до 15:00 часот. Во недела на 31 јануари ќе се организира и традиционалната акција која на овој датум се прави во Брвеница. Во зградата на општината тимовите ќе бидат од 9:30 до 14:30 часот, соопшти информира Шкљќим Мурати, секретар во општинската организација на Црвен крст Тетово.

Во 2020 година собрани се вкупно 2121 единици крв на подрачјето на Тетово и петте рурални општини.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/01/2021 14:01