Зимската служба на Општина Центар е на терен и го расчистува снегот од улиците кои се под надлежност на општината.

-Со вкупно седум возила – две со плуг и соларка, четири специјални возила за отстранување снег (до 3, 6, 8 и 12 тони сол) и еден тн. хорхет, машина за чистење тротоари се расчистува снегот на повеќе локации на најпрометните улици во општината, се фрла сол и се расчистува уличната мрежа и критичните сообраќајни точки околу подножјето на планината Водно, соопштуваат од Општина Центар.

Оттаму наведуваат дека се во секојдневна комуникација со граѓаните од населбите на нејзина територија и остануваат во координација со градските служби за брзо и ефикасно делување во случај на евентуално зголемување на интензитетот на снежните врнежи.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/02/2021 13:39