Французинот Матие Февр е победник на денешната велеслаломска трка која се возеше во рамките на Светското првенство во алпско скијање.

Февр по првото возење беше четврти, но по второто возење оствари вкупно време 2:37.25 минути, доволни за највисокот место на подиумот.

Второто место и сребрениот медал се за домашниот натпреварувач Лука де Алипрандини, додека трет беше Марко Шварц од Австрија.

Утре на Мундијалот во Италија на распоредот е женскиот слалом. Почетокот на првата трка е во 10 часот.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/02/2021 21:12