Светското првенство во алпско скијање во Кортина д’Ампецо продолжува денеска со квалификациите во слалом, на кој ќе настапат четворица македонски скијачи.

На стартната точка на патеката „Румерло“ во италијанскиот зимски центар ќе се појават Виктор Петков, Дардан Дехари Влатко Анастасоски и Мирко Лазарески.

Македонскиот репрезентативец Петков, кому ова му е трет настап на светските првенства, вчера во трката во велеслалом го освои 36 место, во конкуренција на 100 натпреварувачи.

Финалните трки во слалом на патеката „Румерло“ се на програмата в недела, со почеток од 10:00 и 13:30 часот.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/02/2021 12:49