Раководството на Мото Гран-при (Мото ГП) шампионатот објави денеска на својот Твитер профил дека е потпишан договор за организирање трка во Унгарија во 2023 година.
Предвидено е трката да се одржи на нова патека, во близина на градот Дебрецин.
Унгарија во два наврати во минатото, во 1990 и 1992 година, беше домаќин на Мото ГП трки, што се одржаа на патеката „Хунгароринг“ на која се возат и трките во Формула 1.
Мото ГП трка во Унгарија требаше да се одржи и во 2009 година, на новопланираната патека Балатонринг, што досега се уште не е изградена.