Симболичен настап имаше Јован Стојоски на денешната трка во квалификациите на 400 метри на Европското првенство во Полска.

Единствениот македонски претставник на евро-шампионатот трката ја заврши со време 48,6 секунди.

Македонскиот атлетичар за време на трката имаше контакт со италијанскиот тркач Лоренцо Бенати, по што го загуби ритамот и не успеа на крај да стигне до позначаен резултат.

На ова првенство требаше да учествува и Дарио Ивановски на трката 1500 метри, но тој мораше да го откаже настапот поради позитивен тест на коронавирус.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/03/2021 14:50