Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ денес ја започна 311. недела како прв „рекет“ на светот, се наведува на официјалната веб-страница на АТП.

Така, 33-годишниот Србин постави нов рекорд во светот на тенисот. Претходното достигнување му припаѓаше на Швајцарецот Роџер Федерер (310 недели).

Новак Ѓоковиќ е 18-кратен победник на Грен слем турнирите, вклучувајќи го и неодамнешниот трофеј од Австралија опен 2021.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/03/2021 10:08