Церемонијата за почеток на патувањето на олимписки факел во Јапонија најверојатно ќе се одржи без гледачи, пренесува „NHK“. Организаторите се склони кон ова мислење со цел да се спротивстават на епидемијата на коронавирус.

Настанот ќе се одржи на 25 март во поранешниот центар за фудбалски тренинзи во префектурата Фукушима.

Штафетата на својот пат од 121 дена, почнувајќи од 25 март, ќе треба да помине низ сите 47 префектури во Јапонија и ќе заврши во Токио.

Олимпијадата ќе биде отворена на 23 јули.

За потсетување, Олимписките игри во Токио беа одложени од 2020 до 2021 година, поради пандемијата.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/03/2021 13:21