Јапонската Влада одлучи да ги организира летните олимписки и параолимписки игри во Токио без присуство на странски државјани на трибините, поради загриженоста на јапонското население поврзана со пандемијата на Ковид-19.

Властите во Токио оценија дека влез на странски навивачи во земјата нема да биде можно, бидејќи јапонските граѓани стравуваат од ширење на Ковид-19, како и појавата на нови мутации на вирусот, наведува јапонската новинска агенција.

Претходно денеска беше соопштено дека свеченото отворање на Олимписките игри (ОИ), закажано за 23 јули во Токио, како и церемонијата за почеток на патувањето на олимпискиот факел низ Јапонија, предвидена за 25 март во префектурата Фукушима, ќе бидат одржани без присуство на публика.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/03/2021 21:43