Вториот рекет на светскиот, Шпанец Рафаел Надал одби да учествува на турнирот во Дубаи, ОАЕ чиј награден фонд е скоро 1,9 милиони долари.

Турнирот ќе се игра од 15 до 21 март. Надал доби вајлд-карта од организаторите на турнирот.

– Би сакал да им се заблагодарам на организаторите на турнирот во Дубаи што ми дадоа вајлд-карта. Ние сериозно размислувавме за доаѓање и настап, но не сум сигурен дали сум подготвен да играм сега. Уште еднаш благодарам за љубезната покана – напиша Надал на Твитер.

За потсетување, Надал се пласираше во четвртфиналето на Австралија опен 2021, а потоа се повлече од турнирот во Ротердам поради проблеми со грбот.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/03/2021 18:39