Раководството на северноамериканската професионална хокеарска НХЛ лига склучи седумгодишен договор за продажба на телевизиските права со компаниите „Волт Дизни“ и „ЕСПН“ во износ од 2.8 милијарди долари.
Според американските медиуми, НХЛ од следната година за секоја сезона ќе инкасира по 400 милиони долари.
Новиот договор ќе стапи на сила од сезоната 2021/22, а треба да важи до сезоната 2027/28. До истекот на договорот, НХЛ лигата од продажба на телевизиските права ќе заработи 2.8 милијарди долари, што е речиси двојно повеќе од сегашниот договор со американската телевизиска мрежа Ен-би-си.
-Партнерството меѓу најсилната хокеарска лига на светот и „Волт Дизни“ е голема предност за нашите навивачи и нашата игра“, изјави комесарот на НХЛ, Гери Бетман.