Намерата на Бризбејн да ги организира Летните олимписки игри (ЛОИ) во 2032 година доби поддршка од австралискиот премиер Скот Морисон, кој го извести Меѓународниот олимписки комитет (МОК) дека властите цврсто стојат зад кандидатурата.
– Сите нивоа на Владата соработуваат на кандидатурата на Бризбејн 2032 и нема ништо да препуштиме на случајноста. Сакаме да бидеме партнер од доверба во овие несигурни времиња и би било голема чест за Австралија повторно да биде домаќин на Игрите, изјави Морисон во кратко видеообраќање до МОК.
Австралија досега два пати беше домаќин на ЛОИ, во Мелбурн во 1956 и во Сиднеј во 2000 година.
Бризбејн е главен и најнаселен град во сојузната држава Квинсленд, а со своите два милиони жители е трет град по големина во Австралија.