Македонската репрезентација за одбојкарки до 16 години го претрпе и третиот пораз во квалификациите за пласман на претстојното Европско првенство, откако вечерва во Врњачка бања загуби од Турција со максимални 3:0 во сетови (25:11, 25:13, 25:12).
Трпеноска со шест и Трајкова со четири поени беа најефикасни во македонскиот состав.
„Црвено-жолтите“ претходно не успеаја и во пресметките со домаќинот Србија и Бугарија, а во последниот настап на квалификацискиот турнир, утре, ќе играат со Романија.
По неуспехот на турнирот во Србија, на кој само првопласираната репрезентација обезбедува пласман на Европското првенство од 10 до 18 јули во Унгарија и Словачка, македонските одбојкарки ќе продолжат во вториот круг од квалификациите, закажан од 6 до 9 мај.