Шесткратниот светски првак во Мото ГП Марк Маркез доби дозвола од својот лекарски тим да се врати на патеката, закрепнувајќи по долга пауза од повредата на десната рака поради која ја пропушти речиси целата минатогодишна сезона.

Маркез се повреди на првата трка од минатогодишната сезона, кога за време на Големата награда на Шпанија ја скрши десната рака по што му беше вградена титаниумска плочка во надлактицата и дополнително беше подложен на уште три операции, од кои последната му беше извршена во декември.

Иако се очекуваше дека шпанскиот мотоциклист ќе има потреба од најмалку шест месеци за целосна рехабилитација, лекарите објавија дека заздравувањето се одвивало многу побрзо и Маркез би можел да се врати на патеката веќе на отворањето на новата сезона, со трката во Катар на крајот од март.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/03/2021 13:18