Најдобриот македонски маратонец и двократен победник во ФИНА Светскиот куп за отворени води, Евгениј Поп Ацев го имаше својот прв настап после една и пол година.
Тој вчера настапи на првата трка од ФИНА/ЦНСГ Светската серија на маратони од 10 км. која се одржа во Доха, Катар. Поп Ацев го освои 53. место со време 1 час 59 минути и 47 секунди.
На трката учествуваа 99 пливачи, од кои 66 мажи и 33 жени.
Победник кај мажите е Марк Антоан Оливие од Франција, додека кај жените Ана Марсела Куња од Бразил.
Следната трка од ФИНА Серијата е закажана за 9 мај на Сејшели. Оваа година серијата брои вкупно 10 трки.