Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер во интервју за „Tennis World USA“ зборуваше за неговата главна цел во кариерата.

– Сега имам една цел – да дојдам до Олимпијадата во Токио и да настапам таму најдобро што можам. Ова е важно за мене, бидејќи не можев да се натпреварувам во Рио 2016 година поради повреда на коленото. Важно е да се пристапи на турнирот во добра форма, имам уште неколку месеци за тоа, изјави Федерер.

Олимписките игри во Токио ќе се одржат од 23 јули до 8 август 2021 година. Триесет и деветгодишниот Федерер е олимписки шампион во двојки во 2008 година и финалист во сингл во 2012 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/03/2021 14:01