И оваа година ќе се врши избор за најуспешните мажи во Македонија за 2021. Изборот на Мажи на годината, традиционално ќе се одржи во ноември, месецот на машкото здравје.

-Втора година се наоѓаме во исклучително тешка година, година која е полна со предизвици за секој од нас, но ние сме особено горди и среќни што направивме настан кој и во најтешките моменти успеа да донесе среќа и радост. Горди сме што успеавме да креираме настан, кој стана препознатлив белег на џентлмените, на мажите кои негуваат навики кои носат до успех, на хедонизмот, на општествената одговорност. Нашата цел е јасна, а таа е да не мотивира меѓусебно во правец на поместување на сопствените граници, да се поттикнеме на донесување позитивни одлуки кои влијаат на квалитетот на нашиот живот и работа, притоа создавајќи еден позитивен имиџ во јавноста. Да се организира настан четврти е за секоја почит, а ние сме горди што нашиот тим успеа да го одржи овој настан на едно високо ниво и во овие тешки моменти. Минатата 2020 година настанот се емитуваше на Македонската Радио Телевизија што за нас како организатори беше посебна чест што јавниот сервис го препозна како настан и ни даде можност да го емитуваме, велат од организаторите на официјалниот избор на Мажи на годината.

Мажи на годината е настан кој првпат се појави во 2018 година во организација на Џентлмен Магазин и Фрајдеј Комуникации.

Во изборот се вклучени голем број професионалци во разни области кои се дел од жири комисијата на официјалниот избор, како и целокупната јавност.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/03/2021 11:49