Во Скопје во СЦ „Борис Трајковски А1 Арена“ денес се одиграа натпреварите од 11 и 12 коло во Супер лигата. Двете кола донесоа интересни натпревари и промени на табелата.

Екипата на Телеком НЕЦ 2 забележа две победи и се искачи на 4 место на табелата, место кое води во плеј офот. Радовишани го изненадија Работнички, Телеком Нец заедно со Вардар се екипите кои не забележаа победа во пролетниот дел во досега одиграните 3 кола. Младост 96 неприкосновено го чува првото место на табелата кое обезбедува најдобро стартно место во плеј офот.

Супер Лига 11. коло: Радовиш – Работнички 4:1 Крива Паланка 2007 – Младост 1:4 Младост 96 – Струга одложена Телеком Нец 2 – Вардар 4:0 Шампион ФА – Телеком Нец 4:0.

Супер лига 12. коло: Работнички – Шампион ФА 0:4 Телеком Нец – Телеком Нец 2:4 Вардар – Младост 96 0:4 Струга – Крива Паланка 2007 одложена Младост – Радовиш 4:1.

Во првата сениорска лига дуелот меѓу Битолски Мултитекс и Кочани заврши со убедлива победа на Битолчани со 4:0, со направија голем исчекор кон враќање во елитата, бидејќи Кочани им е единствев конкурент за првото место кое носи директен пласман во супер лигата.

Вчера во Берово, најмладите играчи во категоријата помлади од 12 години го имаа својот прв рангирен турнир. Учествуваа вкупно 20 натпреварувачи во машка и во женска конкуренција. Најуспешни кај младите кадети беа домаќините од Берово, додека кај младите кадетки најуспешна беше натпреварувачката од Крушево.

Пласман Млади кадети: 1. Љупчо Треновски – Берово 2. Кристијан Каламадевски – Берово 3. Давид Јоноски – Младост 96 4. Христијан Михајлоски – Крушево.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/03/2021 16:40