Корисник на Тик-ток, под назиив MIKE_P_89 сподели видео кое стана хит на интернет и насмеа, но и разгневи милиони луѓе ширум светот.

Имено, Мајк раскажа куса анегдота за тоа како на сопругата ѝ купил фустан за роденден, но неколку броеви помал. Сѐ тоа, за да ја мотивира да ослаби…

„Едвај чекам да те видам во ова“, напишал во пораката со подарокот.

Но, кој последен се смее, најслатко му е. Кога следниот ден Мајк се вратил од работа, во кујната го чекале пакет кондоми, неколку броја поголеми од неговиот број… Со истата порака: „Едвај чекам да те видам во овие“.

Неговото видео собра речиси 20 милиони прегледи и 2,8 милиони лајкови.

„Не заслужи подобро“, „Паметна жена“, „Требаше да ти даде документи за развод“ – се дел од коментарите на видеото на Мајк.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/03/2021 11:23