Во текот на изминатата седмица и овие три дена од неделата полицајците од тетовската сообраќајна полиција го октриле и казни возачи од Тетовско кои не користеле сигурносни појаси и зборувале на мобилен телефон додека возеле. Откриени и санкционирани биле 19 случаи на некористење на сигурносен појас и 16 возачи кои управувајќи возило зборувале на мобилен телeфон.

– Едните и другите ќе се соочат со поднесоци и парични глоби кои, зависно од прекршокот, се движат од 40 до 50 евра во денарска противвредност. Ваквите активности ќе продолжат, а до возачите се апелира да се придржуваат на законската обврска за користење на сигурносни појаси и да се воздржат од зборување на мобилен телефон додека возат, со што ќе придонесат за нивната и за безбедноста на другите учесници во сообраќајотинформира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Во Тетово овие три дена има и зачестени контролите на паркирањето во градот и пред сѐ на улиците „Илинденска”, „Маршал Тито”, „Благоја Тоска” и „29 Ноември”. Вчера биле санкционирани и подигнати 15 непрописно паркирани возила, претежно во таканаречени „двојни редови”, во зона на крстосници и на други недoзволени места.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/03/2021 14:26