Во куќа во селото Добрејци утрово околу 7 часот избувнал пожар во кој по пребарувањето е најдено едно лице во бесознание поради густиот чад.

– Лицето е извлечено и извршена е реанимација по што е предадено на екипа на Брза помош, соопштија од Територијалната противпожарна единица на Струмица.

По реанимацијата и укажаната прва помош лицето е упатено на домашно лекување.

Пожарот е изгаснат со едно противпожарно возило и пет пожарникари.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/03/2021 16:48