Eдиницата за економски криминал и корупција Скопје поднесе кривична пријава против А.Љ.(27) од Скопје, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „изработка и употреба на лажна платежна картичка“.
На 17.03.2020, откако пријавениот претходно ги прибавил банкарските податоци од платежна картичка сопственост на оштетениот О.З., истите ги употребил за вршење на четири неовластени трансакции на интернет, со што предизвикал материјална штета и се здобил со противправна имотна корист.