На 24.03.2021 во 20.30 часот полициски службеници од СВР Куманово го привеле Н.А.(21) од с.Слупчане, кој се барал со потерница за доиздржување на затворска казна.

Н.А. е осуден на четири години затвор за извршено кривично дело по чл.418 ст.2 од Кривичниот законик на Република Македонија.

Лицето е спроведено во Казнено-поправната установа Затвор - Куманово.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/03/2021 12:50