Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (24.03.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на населба Лисиче изречени се вкупно 56 мерки, при што за некористење сигурносен појас 18 санкции, осум за користење мобилен телефон, пет за непрописно паркирање и една санкција за возење без возачка дозвола.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.