Олимпискиот комитет на Русија соопшти денеска место забранетата национална химна, на претстојните Олимписки игри во Токио сака да користи дел од композиција на еден од најголемите руски композитори Петар Илич Чајковски.

Претседателот на Олимпискиот комитет на Русија, Станислав Поздњаков истакна дека за тоа веќе разговарал со претставници на Меѓународниот олимписки комитет и се чека одобрување.

Тоа е втор предлог на руската страна, откако претходно Судот за спортска арбитража во Лозана и забрани на Русија да ја користи народната песна „Каќуша“ за олимписка химна со образложение дека олимпискиот тим „не може да користи ниту една химна поврзана со Русија“.

„Каќуша“ е руска народна песна која стекна голема популарност меѓу руското население за време на Втората светска војна, а поранешната Црвена армија го искористи истото име за легендарниот советски ракетен фрлач.


Музика на Чајковски нов предлог за руска химна на Олимписките игри во Токио

Спортскиот арбитражен суд со седиште во Лозана (ЦАС) во декември изрече забрана руските спортисти да користат државни обележја и интонирање на националната химна на големите меѓународни натпреварувања до 16 декември 2022 година, поради кршење на допинг регулативата.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/03/2021 23:43