Во Берово започна Државното првенство во Пинг понг од мастерс бодовниот турнир за пинг-понгари до 15 години. Како што информираше Јован Ковачовски, претседател на екипата домаќин ППК „Зегин“, најдобрите пингпонгари од сите 4 серии ќе изборат право за настап за Пинг-понг репрезентацијата на Македонија.

– Денес имаме вкупно 35 учесници од цела Македонија и претставници од градот домаќин. Се надеваме дека турнирот ќе помине во најдобар ред исто како и претходниот турнир кој се одржа пред една недела беше прогласен за надјобар. Следните турнири се во други градови сите се бодуваат и најдобрите две дечиња ќе бидат дел од Македонската Пинг Понг препрезентација, рече Ковачовски.

Претседателот на Пингпонгарската федерација Горан Тиловски додаде дека максимално го поддржуваат клубот домаќин во организацијата на вакви турнири кои се мошне значајни за развој на пинг-понгот во овој дел од државата и во услови на Ковид-19

– Федерацијата се труди да го подобри и овозможи да го продолжиме и тренажниот процес и натпреварувачкиот процес почитувајки ги протоколите на натпреварување. Особено ние драго, што почнуваме со најмлата категорија, еве вториот турнир пак го имаме во Берово што значи дека даваме максимална поддршка за клубот од Берово. Дополнително се обидуваме покрај сите проблеми и во останатите категории ќе продолжиме да работиме, рече Тиловски.

Настанот го отвори градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски кој рече дека Берово уште еднаш покажа дека градот има капацитет за организирање на спортски настани од различен калибар.

– Покрај по туризмот стануваме препознатливи по капацитетот кој го имаме, по организирањето на турнири на Државно ниво. Ги имаме сите и просторни и капацитетети кои сами по себе го промовираат градот и ќе овозможат Берово да биде домаќин и на други турнири, не само во пинг понг туку и во одбојка, фудбал и други спортови, рече Пекевски.

Во моментот пинг-понгот е еден од најнадежните спортови во овој град. Клубот ППК „Зегин“ брои 35 членови кои се поделени во две групи и бележат одлични резултати во своите категории.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/03/2021 12:47