Во организација на Карате федерацијата на Македонија, викендов во Скопје се одржа Државното првенство за сениори со учество на 29 клубови и 105 натпреварувачи, во машка и женска конкуренција, во дисциплините борби и кати.

Победници по категории: Борби – мажи: -60кг. Абдурахим Идриз (Макпетрол – Скопје) -67 кг. Давид Петков (Макпетрол – Скопје) -75 кг. Доан Османи (Фати – Тетово) -84 кг. Петар Спасеновски (Макпетрол – Скопје) +84 кг. Вегим Мурати (Шкендија – Тетово).

Борби – жени: -50 кг. Сара Радичевска (Макпетрол – Скопје) -55 кг. Симона Заборска (Макпетрол – Скопје) -61 кг. Моника Пендаровска (Макпетрол – Скопје) -68 кг. Ангела Мојсовска (Макпетрол – Скопје) +68 кг. Симона Симовска (Олимпик Спорт 2007 – Скопје).

Екипно борби – мажи: КК „Штип“ – Штип. Екипно борби – жени: КК „Макпетрол“ – Скопје. Кати – мажи: Неделковски Александар (Металург – Скопје). Кати – жени: Пулексенија Јованоска (Фунакоши Гичин – Скопје). Екипно кати – жени: „Сансаи Метал Апостолов“ – Кавадарци. Екипно кати – мажи: КК „Фунакоши Гичин“ – Скопје.

Специјален гостин на првенството беше јапонскиот амбасадор Н.Е. Хиронори Савада, кој со својата сопруга ги следеше финалните борби.

– Среќен сум што Карате федерацијата на Македонија се грижи за зачувување и негување на јапонската традицијата и култура и тоа го прави на исклучително високо ниво во каратето, изјави Савада.

Амбасадорот Савада му врачи плакета на претседателот на КФМ Горан Милковски, во знак на благодарност и соработка. Во име на Карате федерацијата на Македонија, на амбасадорот Савада му беше врачена плакета – симбол на вечноста, со порака таа соработка да се продлабочува и да остане засекогаш.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/03/2021 11:58