Петтиот рекет на светот, Стефанос Циципас во второто коло на Мастерсот во Мајами го победи Дамир Џумхур со 6:1 и 6:4.
За Гркот ова е 15-та победа во тековната сезона. Тој стана третиот тенисер со 15 победи во 2021 година – пред него беа Андреј Рублев (16 победи и 3 порази) и Данил Медведев (15 победи и 2 порази).
Циципас загуби четири натпревари.
Во третото коло на Мастерсот во Мајами, Гркот ќе се сретне со екс четвртиот рекет на светот Кеи Нишикори.