Еурофарм Пелистер ја известува јавноста дека при последното тестирање на ковид-19, неопходно за патувањето на екипата во Магдебург, тренерот на екипата Жељко Бабиќ е позитивен на ПЦР тестот.
– Се работи за асимптоматски случај и Бабиќ веќе е во карантин. Наместо него екипата во Магдебург ќе ја водат неговите помошници Божидар Мојсов и Ице Соколески. Бабиќ ќе ги пропушти и натпреварите против Младост Богданци (Куп) и Татран Прешов (СЕХА лига). Клубот му посакува брзо оздравување и враќање на работното место, стои во соопштението на битолскиот ракометен суперлигаш.
Исто така известени се и претставниците на Вардар 1961, со кои Еурофарм Пелистер во саботата играше натпреварот од плеј-офот на Суперлигата.
Реванш натпреварот од осминафиналето во ЕХФ купот Магдебург – Еурофарм Пелистер (32:24 прв меч) ќе се игра утре со почеток во 18 часот и 45 минути.