Пливачите на Вардар 2018, Евгениј Поп Ацев и Јана Костадиновска од клубот Нептун се победници на Летното Национално првенство во далечинско пливање одржано во текот на вчерашниот ден во Скопје.

Се пливаа две делници, на 5 и на 2,5 километри.

На помалата делници учествуваа пливачи родени 2006-2008 година.

Во оваа категорија најбрзи беа Михаил Велков од Нептун и Сара Јанковиќ од Скопје.

На првенството учествуваа 29 пливачи од шест клубови.

Следен натпревар во календарот на Националната пливачка федерација е Меѓународниот пливачки митинг „Гран при Македонија опен“ на 17-18 април.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/03/2021 13:58