Универзијадата во Кина, што беше предвидена за август годинава, е одложена за 2022 година, поради пандемијата на коронавирус.
Универзијадата требаше да се одржи во градот Ченгду, а церемонијата на отворање беше планирана за 18 август, само неколку денови по завршувањето на Олимписките игри во Токио.
Меѓународната студентска спортска федерација (FISU) соопшти дека одлуката за одложување е донесена и поради компликациите поврзани со патните рестрикции.
На годинешната Универзијада во Кина се очекуваше учество на околу 8.000 спортисти.
Кина во 2022 година ќе биде домаќин на две големи спортски манифестации – Зимските Олимписки игри, во февруари, и Азиските игри идната пролет.