Сопругата на бугарскиот претседател Румен Радев денеска ќе биде подложена на операција на аневризма на мозокот, поради што вчера беше итно хоспитализирана во болница во Софија.

Во моментот состојбата на Десислава Радева е сериозна, но стабилна.

Како што јави дописникот на МИА од Софија од болницата како и од Кабинетот на бугарскиот претседател, нема официјален коментар на оваа тема.

На 17 февруари 2021 година, накратко беше објавено дека Десислава Радева има позитивен тест за коронавирус, но деталите за нејзината здравствена состојба не беа објавени.

Аневризма претставува проширување на артерија, што настанува поради последица од слабост на ѕид на крвен сад.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/04/2021 16:10