Даниел Митов најверојатно ќе биде номиниран за нов бугарски премиер од партијата ГЕРБ, која доби најмногу гласови на парламентарните избори. Тоа го тврди бугарскиот весник „24 Часа”, повикувајќи се на високи партиски извори.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, пред неколку часа Бојко Борисов при посетата на Велико Трново објави дека нема да биде кандидат за премиер на Бугарија, ниту неговиот заменик и поранешен вицепремиер Томислав Дончев.

Борисов поднесе барање ГЕРБ да избере личност со јасна проевропска и НАТО ориентација. Од 2014 до 2017 година, Даниел Митов, беше министер за надворешни работи на Бугарија. На 6 август 2014 година, Даниел Митов беше назначен од бугарскиот претседател Росен Плевнелиев за министер за надворешни работи во привремената влада на премиерот Георги Близнашки. Митов ја задржа функцијата во следната влада, во втората влада на Бојко Борисов.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/04/2021 16:12