Повреден е 37 годишен пожарникар од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Свети Николе. Според крими извештајот на СВР Штип, настанот се случил вчера околу 13:15 часот при извршување на работни задачи на зградата на ТППЕ Свети Николе.
Тој паднал и се здобил со повреди констатирани во Клиничката болница Шип. Увид на местото бил извршен од екипа на Одделението за внатрешни работи Свети Николе.
Во моментов околу објектот на светиниколската пожарна се расчистува, со цел да стартуваат градежните работи за изградба на нов објект, со што пожарникарите ќе имаат подобри услови за работа, но и за вежби. Стартот на градежните работи се очекува на почетокот на мај.