Основното јавно обвинителство Битола до Основниот суд Битола поднесе Предлог за издавање казнен налог против четири лица кои не го почитувале полицискиот час.
Иако со донесена одлука на Владата било забрането движење на населението и на возилата од јавен превоз на територијата на државата во временски период од 20:00 часот до 05:00 часот наредниот ден, обвинетите на 12.4.2021 година биле затекнати како пеш или со возила се движат без дозвола на различни места во градот.
Обвинителството утврди дека обвинетите го сториле кривично дело Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија за што го поднесе предлогот со кој на надлежниот суд му предложи на обвинетите да им изрече парични казни во висина од по 100 дневни глоби, при што вредноста на една дневна глоба да се определи на 10 евра во денарска противвредност.